Објавено на 03 Септември, 2018 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација попладне во Гибралтар го одработи првиот од трите тренинзи на „Викторија стадионот“ каде в четврток против домашната селекција ги отвораме натпреварите од УЕФА Лига на Нации. Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски заедно со комплениот состав реализираше едночасовен тренинг по пристигнувањето во Гибралтар.
Нашиот фудбалер од средниот ред, Бобан Николов вели дека почетокот на натпреварувањето е исклучително важен и дека сите ќе го дадат максимумот за да се оствари победа.
-Двата први натпревари и против Гибралтар и против Ерменија се многу важни. За нас ова е голем предизвик, но треба да одиме чекор по чекор кон првото место. Сега се фокусираме на мечот против Гибралтар, а многу е важно да почнеме со победа. Очекувам добар натпревар, треба да влеземе максимално подготвени. Реално, ние сме фаворити, но не треба да потцениме ниедна репрезентација, затоа што фудбалот носи секакви изненадувања, вели Николов.
Деванзивецот Висар Муслиу вели дека ова натпреварување е наша голема шанса и треба да сториме се за да го оствариме сонот и да се пласираме на првото место во групата.
-Знаеме дека нема лесни натпревари и така ќе се однесуваме и на дуелот со Гибралтар. Не го знаеме нивниот квалитет, но имаме доволно време да анализираме и да ги забележиме нивните слаби страни, а в четврток да славиме прва победа, изјави Муслиу.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....