Објавено на 09 Септември, 2015 во Вести, Вести
Новески беше столб на одбраната на репрезентацијата
на Македонија за која настапуваше во секое време и беше незаменлив дел. Ќе се
паметат неговите дуели со Бекам, Овен, со силните холанѓани Ван Нистелрој, со
Торес, со Крауч...со сите звучни играчи Новески излегуваше како победник, а го
красат неговата скромност и професионализам. Секогаш подготвен да „изгине“ на
теренот, да направи разлика во дефанзивата. Меѓутоа, после минатите
квалификации популарниот Коче се одлучи за крај. Многуте обврски кон клубот и
силното темпо беше причина да донесе таква одлука за која самиот тој вели дека
му била најтешка во кариерата.
ЧЕСТ И ГОРДОСТ ДА СЕ НОСИ МАКЕДОНСКИОТ ДРЕС
„За репрезентацијата секогаш и секаде“, изјави Николче Новески кој пред да објави крај на репрезентативната кариера секогаш беше подготвен за националниот тим.
„Голема чест и гордост е да се игра во дресот со државниот грб. Тој момент кога се свири химната, секогаш е голем и сон на секој играч. Да се игра за својата држава, да се бранат боите на својата родна земја е нешто незамисливо што не се менува со ништо на светот“, изјави Новески.
ДУЕЛИТЕ СО ЧЕШКА И ДУЕЛИТЕ СО „ГОЛЕМИТЕ“ ЗА НЕЗАБОРАВ
Новески имал многу дуели со познати играчи, со силни и слаби репрезентации. Кои од дуелите му се останати во долго сеќавање?
„Секако тоа е дебито за репрезентацијата против Чешка. Ќе останат во долго сеќавање и натпреварите на пример со Холандија кога игравме 2:2, потоа против Англија со силните Бекам, Овен и потоа со Крауч, Лампард и Жерард. Исто така, ќе го паметам и пријателскиот меч со Шпанија кога водевме со 2:0, а потоа шпанците ја покажаа својата сила и успеаја да направат пресврт“, додаде Новески.
ОДЛУКАТА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ СО ТЕШКО СРЦЕ
После квалификациската кампања за пласман на СП 2014, Новески се одлучи да каже збогум на репрезентативниот дрес. Силното темпо во својот клуб, многуте обврски, но и годините, го натераа на таков потег, иако одлуката не била донесена одеднаш, туку за нејзе се размислувало подолго време.
„Тоа ми е најтешката одлука. Кога ќе се сетам со колку радост и задоволство одев на репрезентативните повици. Играв против врвни репрезентации, пред полни стадиони и одлична атмосфера. Секогаш е убаво, меѓутоа одлучив затоа што сметав дека веќе не можам да се носам со тој предизвик. Не оди да дојдам во националниот тим уморен или неподготвен. Силното темпо исто така си имаше свое влијание, но и се случија многу промени во репрезетацијата и одлучив да кажам дека е доста. Чест ми беше што бев дел од националниот тим и тие настапи, собири, тренинзи, атмосфера пред излегувањето на теренот ќе ми остане засекогаш во моето срце“, изјави Новески кој неколкупати беше капитен на репрезентацијата.
„Искрено ми беше потешко да бидам капитен во клуб, отколку во репрезентацијата. Згора на тоа во националниот тим бев втор капитен после Горан Пандев. Меѓутоа во клуб си заедно со играчите 300 денови во годината, во репрезентацијата 20 дена. И секако дека е потешко да си лидер и да се управува со една средина повеќе денови. Задоволство беше да се биде капитен и на репрезентацијата, тоа е факт, меѓутоа чувствував поголем притисок на клупски план“, додаде Новески.
Николче Новески доби потврда на статусот клупска легенда во германски бундеслигаш Мајнц, откако се прости од дресот на Мајнц по 11 години. Навивачите на Мајнц му приредија незаборавен спектакл, а во четвртата минута, што симболично го претставува неговиот дрес со број 4 сите на стадионот беа на нозе и го скандираа неговото име. Истовремено беше истакнат и голем транспарент на кој пишуваше:
„11 Години, 345 натпревари, 13 погодоци, рекордер за автоголови, рекордер за настапи во Европските купови…Ти благодариме за се Николче Новески“.
Беше прикажано видео за Новески, а во арената одекнуваше класичниот хит на Синатра ’Го сторив тоа на мој начин‘, колегите стоеја во шпалир, а навивачите развија транспарент на кој беше напишано ’О, капетане, мој капетане!‘.
Со солзи в очи Николче Новески ја напушти големата бина. Како великан заслужи да се прости и од репрезентацијата на Македонија.
На Националната арена „Филип Втори“ на натпреварот Македонија – Шпанија на 8. септември ги развеавме знамињата во чест на големиот фудбалер Николче Новески.
Пред почетокот на натпревар со европскиот шампион, Новески доби официјално признание од Фудбалската федерација на Македонија.
Пример за углед и апсолутна доверба.
НИКОЛЧЕ НОВЕСКИМакедонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....