Никола Серафимов: Наше е да бидеме подготвени и мотивирани и на најдобар начин да ја искористиме шансата

Објавено на 28 Мај, 2022 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за почетокот на новото издание на Лига на нации и воведниот натпревар против Бугарија на 2. јуни во Разград. На попладневниот тренинг на репрезентативниот тим се приклучија Енис Барди, Столе Димитриевски, Елиф Елмас и Дарко Велковски. 

Дефанзивниот фудбалер, Никола Серафимов смета дека доколку сите го дадат својот максимум, со позитивен резултат ќе го отвориме циклусот натпревари.

- Пред сѐ очекувам новото издание од Лига на нации да го започнеме со добра игра против Бугарија. Противникот е квалитетен, но ако одиграме како што знаеме и умееме и го дадеме најдоброто од нас, мислам дека ќе ги освоиме бодовите. 

- Секогаш очекуваме и се надеваме дека ќе добиеме шанса за настап. Наше е да бидеме максимално подготвени и мотивирани и на најдобар можен начин да ја искористиме шансата ако ни се укаже. 

- Оваа група во која што сме во оваа сезона на Лигата на нациите е максимално изедначена, во денешно време сите играат фудбал, се случуваат чуда и сите може да извадат добар резултат против сите. Ние сме еден пример за тоа, успеавме да ја изненадиме Италија, бевме и блиску до СП. Не влегуваме како апсолутни фаворити на мечот со Бугарија затоа што ние сме на гости, шансите за победа се еднакви.




   
   
А репрезентација