Несреќен пораз на женската селекција до 18 години

Објавено на 01 Јули, 2014 во До 19 год жени

Нашата репрезентација е поразена со 0-1 од Бугарија во првото коло на развојниот турнир на УЕФА, за играчи до 18 години во женска конкуренција.

Во текот на целиот натревар нашите репрезентативки беа далеку подобар противник, но за жал таквиот однос на силите не беше награден со погодок. Казната  за нереализираните шанси стигна во последните моменти од натреварот. Стрелец на единствениот гол за гостинките беше Лора Димитрова. Ваквата игра може само да нѐ радува пред септмеврискиот квалификациски турнир во Португалија каде покрај домашната селекција ќе настапат уште Русија и Белорусија.

На оваа средба за нашата репрезентацијаа играа: Ангела Пеева (Матеа Манојловска 46′), Александра Поповска (Евгенија Таповска 64′), Ана Мицковска, Стефи Скерлевска, Елена Накоска (Ане Бошевска 46′), Симона Крстановска, Наташа Левкова, Арлинда Адили (Виолета Јанчева 83′), Александра Марковска (Даниела Велевска 46′), Шкипе Бојку и Сашка Кокаловска (Симона Дамеска 61′).

Задоволен сум од играта, но не и од резултатот. Фудбалерките одиграа добар натревар. Имавме многу шанси, но за жал на крајот примивме гол. Против Србија ќе излеземе со компелтно изменет состав и ќе се обидеме да го изненадиме нашиот противник. Нашата главна цел е да составиме екипа за квалификациониот турнир во Португалија. -истакна селекторт Астрит Мерко.




   
   
А репрезентација