Објавено на 31 Март, 2015 во Вести
„Одигравме доста добар натпревар против една многу квалитетна репрезентација. Покажавме дека дуелот против селекцијата на Белорусија за нас беше само еден лош ден. Максимално сум посветен на репрезентацијата, ја вршам својата работа и не чувствувам никаков притисок. Ме интересира само репрезентацијата и играчите кои ги имам на располаѓање. Насочени сме кон остварување на целта, да создадеме една компетитивна селекција во иднина"- изјави селекторот Бошко Ѓуровски.
Свое деби во нашиот национален тим имаше и играчот од средниот ред, Душан Трајчевски. Тој не го криеше задоволството што дебитираше во репрезентативниот дрес.
„ Среќен сум што добив прилика да дебитирам во репрезентацијата. Тоа за мене претставува голема чест. Голема благодарност до тренерот Ѓуровски за укажаната шанса и вербата која ја имаше во мене. Одиграв добар натпревар, но секогаш може и подобро"- изјави Душан Трајчевски по натпреварот.
МАКЕДОНИЈА: Богатинов, Георгиевски, Шиков, Велкоски, Ристевски, Радески, Трајчевски, Положани, Трајковски, Ибраими, Блажевски.
Селектор: Бошко Ѓуровски
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....