Нерешено без голови на градскиот стадион во Велес

Објавено на 14 Декември, 2015 во Вести


На градскиот стадион во Велес се одигра контролен натпревар помеѓу играчите од селективниот камп на репрезентација до 21 година предводена од Благоја Милевски и селекцијата составена од домашни фудбалери. Натпреварот заврши нерешено без погодоци.

Во првото полувреме се играше доста отворено, со по неколку добри прилики пред двата шеснаесетника. Во продолжението, темпото опадна, селекцијата на домашни фудбалери од првата македонска фудбалска лига доминираше, меѓутоа без ефикасност во реализацијата.

СЕЛЕКТИВЕН КАМП У 21: Дамјан Шишковски, Егзон Бејтуалаи, Висар Муслиу, Леон Најдовски, Хакан Реџеп, Мелих Картал, Едуард Жута, Тихомир Костадинов, Демир Имери, Филип Пивковски, Борко Георгиев;

ФУДБАЛЕРИ ОД ПМФЛ: Игор Алексовски, Горан Сиљановски, Дарко Глишиќ, Дарко Стојанов, Кире Ристевски, Бојан Најденов, Бесарт Ибраими, Арменд Алими, Филип Ивановски, Марјан Алтипармаковски, Марјан Радески;






   
   
А репрезентација