НЕ на дискриминацијата ДА на ЕДНАКВОСТА

Објавено на 18 Октомври, 2018 во Вести, Еднаквост


Од  11. до 25.oктомври оваа година во повеќе од  60 земји се одржува ФАРЕ "Football People"акционите недели, а Фудбалската федерација на Македонија заедно со клубовите од МФЛ и годинава ќе пружи поддршка кон оваа племенита акција.

Сите клубови учесници во Прва МФЛ во 11. коло кое се игра в недела ќе излезат со транспарент „ НЕ на дискриминацијата ДА на ЕДНАКВОСТА“.

Кампањата има за цел да ја поттикне социјалната вклученост и да се справи со дискриминацијата користејќи го фудбалот како средство за едукација, инспирирање и промовирање на еднаквоста за сите. Во пресрет на почетокот на кампањата, извршниот директор на ФАРЕ, Пиара Пауер рече; Акцијата „фудбалски луѓе„ обезбедува совршена можност за европскиот фудбал да се здружи за да ја исклучи дискриминацијата и да ја поддржи инклузијата и различноста. Секој кој е вклучен во фудбалот е поканет да учествува во активностите и да даде активен придонес преку организирање на активности. Минатата година беа директно вклучени над 100.000 активни учесници. Заедно можеме да го обликуваме европскиот фудбал како инклузивен ентитет“.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин рече: „Драго ми е да ја понудам континуираната поддршка од УЕФА на нашиот партнер ФАРЕ за АКЦИОНАТА НЕДЕЛА. Нема место за расизам, дискриминација и нетолеранција во фудбалот, а УЕФА има политика на нула толеранција кон таквото однесување. Со користење на врвните клубови и на натпреварите на националните тимови, УЕФА како платформа за промовирање на активностите на ФАРЕ, ние ја нагласуваме нашата цврста заложба за славање на различноста и за инклузивност. Фудбалот е игра која мора да биде достапна за секого, без оглед на тоа кој е, од каде доаѓа и како игра“.

Претседателот на Македонскиот Центар за Култура и Развој , Нелко Нелковски, како национален ФАРЕ координатор, при промоцијата на кампањата, изјави: „Кампањата во Република Македонија оваа година ја организираат 11 организации, со широк импакт на нашата организација традиционално, во соработка со ФФМ организира промоција на банери и картони со натпис „ФАРЕ – НЕ на дискриминацијата, ДА на еднаквоста„. Го изразуваме нашето задоволство и благодарност до ФФМ за континуираната поддршка на ФАРЕ и МЦКР во Република Македонија.

Заменик Генералниот секретар на ФФМ -, Дрилон Ганиу, ја истакна важноста од почитувањето и толеранцијата на фудбалските терени и натпревари.

-Во фудбалот нема место за било каква дискриминација, нашата игра зближува различни националности и вероисповеди. Фудбалските стадиони треба да бидат места за почитување, уважување и толеранција, како меѓу играчите, така и меѓу судиите, офлицијалните лица и навивачите. Верувам дека сите се стремиме кон целта да направиме сѐ, после натпреварите да се зборува само за фудбалот. Гласно кажуваме ДА за ЕДНАКВОСТА, рече Ганиу.




   
   
А репрезентација