НАВРЕДИ: Фудбалот се бори против дискриминација

Објавено на 19 Февруари, 2025 во Вести, Еднаквост


Документарниот филм „OUTRAGED - Навреди“ првично беше прикажан во декември 2020 година. Целта беше да ги прикаже искуствата на некои од најголемите имиња во фудбалот и да ги сподели нивните размислувања за тоа кој е најдобриот начин да се помогне во елиминацијата на проблемите поврзани со дискриминацијата во фудбалот.

Употрбата на материјалите е со цел  да се зголеми свеста и да се вклучи целокупниот фудбалски свет и општеството во борбата против дискриминацијата.

УЕФА и федерациите ги користат материјалите како главна алатка во напорите за образование во врска со анти-дискриминацијата, еднаквоста и инклузијата. Во текот на работата со националните асоцијации, УЕФА се погрижи содржините да бидат достапни на сите јазици што се користат во европскиот фудбал.

Видеата и дискусиите треба да ги стимулираат младите на размислување во врска со дискриминацијата, да покренат прашања поврзани со оваа тема и да ги натераат да се впуштат во дијалог со учесниците  на дискусијата за тоа како фудбалот, заедницата, тимот, па се до поединец може активно да се борат против дискриминацијата со цел да се создаде фудбалска средина каде секој е прифатен и почитуван.

Децата и младите се идентификувани како целна публика за потенцијалниот образовен пакет со алатки и целта е да се едуцираат младите играчи кои се иднината на фудбалот. Освен тоа, родителите, тренерите и персоналот на екипите беа посочени за клучни возрасни лица и важни поединци кои ги предводат децата и младите играчи во светот на фудбалот.

OUTRAGED материјалите вклучуваат серија пократки видеа, алатки и едукативни материјали. Процесот на развој на метеријалите се состоеше во поделба на оригиналниот документарен филм во четири посебни епизоди и создавање на нова епизода која се фокусира на проблемите поврзани со on-line злоупотреба.

Петте епизоди од серијата НАВРЕДИ претставуваат увид од 38 фудбалери, тренери, судии, лидери и академици и ги опфаќаат темите на расизам, сексизам, дискриминација на бегалци, хомофобија и онлајн злоупотреба.

Креирано е и видео од 25 минути, кое ги сублимира главните теми на петте модули.

ПРИРАЧНИК: НАВРЕДИ

Прирачникот Навреди е развиена за да им обезбеди на федерациите, лигите, клубовите и училиштата материјали за водење образовни сесии за прашања кои се однесуваат на дискриминацијата во фудбалот. Прирачникот обезбедува предложени нацрти за едукативни сесии, кои вклучуваат вовед, точки за дискусија и многу повеќе.

За да се осигура дека оние што водат сесии ќе се чувствуваат сигурно во водењето на дискусиите, прирачникот има за цел да обезбеди рамка која го прави материјалот лесен за изведување, јасен и повторлив.

За секоја сесија во прирачникот е достапен дел за едукаторите на сесиите, кој вклучува:

  Вовед во алатката Прирачникот Навреди

  Инструкции за користење на Прирачникот

•  Препорачана агенда за сесијата.

  Препорачано воведување во сесијата

  Видео содржина

  Точки за дискусија и напомени за модерирање

  Рамка за обврзување

•  Образец за повратни информации од учесниците

•  Препорачано затворање на сесијата.

  Образец за повратни информации од едукатотот  на сесијата.

Целни Групи

  Фудбалери (11-14)

  Фудбалери (15-18)

  Фудбалери (19+)

  Тренери

  Персонал

  Родители

Теми

  Расизам

  Сексизам

  Хомофобија

  Дискриминација на бегалци

  Онлајн злоупотреба

УПАТСТВО ЗА ON-LINE ЗАШТИТА

Outraged - ресурси за сесија

  Видеа

• Прирачник Навреди

• Прирачник за Онлајн злоупотреба




   
   
А репрезентација