Објавено на 18 Мај, 2015 во Вести
По пет години минати во Турбине Потсдам во Германија, најдобриот репрезент на нашиот женски фудбал потпиша двогодишен договор со Розенгард.
-По пет години во Германија, се радувам на новиот предизвик во кариерата. Потпишав договор со Розенгард и се надевам дека ова е вистинскиот чекор за напредок во кариерата. Клубот е на многу високо ниво, во тимот има фудбалерки од целиот свет, веројатно најпознатата во светски рамки, бразилката Марта ми посака добредојде и среќа. Нашите амбиции се освојување на трофеите во првенството и Купот на Шведска и Лигата на шампионите. Целите се поставени високо, но во екипата има репрезентативки на Шведска, Швајцарија, Германија, Англија, а тоа значи дека има квалитет за да се надеваме на големи резултати, вели Андонова.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....