Нашата Ивана Пројковска ќе биде главен судија на финалето од ЕП за девојки до 19 години

Објавено на 26 Јули, 2019 во Вести


Најдобрата македонска судијка, Ивана Пројковска ќе биде главен судија на финалето меѓу Франција и Германија од Европското првенство за девојки до 19 години кое се одржува во Шкотска.

Таа во фазите од групи ја делеше правдата на натпреварите помеѓу Англија и Германија (1:2) и помеѓу Франција и Норвешка (3:3), додека во полуфиналниот меч помеѓу Германија и Холандија (3:1) беше четвртиот судија.

Добивајќи ја довербата на УЕФА да биде главен судија на финалето помеѓу Германија и Франција, нашата Ивана Пројковска го заработи најголемото признание во нејзината судиска кариера. Натпреварот ќе се одигра на 28. јули (недела) со почеток во 17:00 часот, може да се проследи во живо на www.uefa.tv и на СпортКлуб. Помошници на Пројковска во финалето ќе ѝ бидат Каролин Калвоја од Естонија и Александра Теодора Апосту од Романија.

Претходно беше дел од завршницата на континенталните собири во Исланд и Словачка.

Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска e во првата категорија на судии во УЕФА. 



   
   
А репрезентација