Напредок од шест позиции на ФИФА листата

Објавено на 17 Јули, 2014 во Вести, Вести

Македонската А репрезентација е рангирана на 74. место на најновата листа на најдобри светски селекции која денеска ја објави ФИФА.

Нашата селкција има напредок од шест позиции во однос на рангирањето минатиот месец. „Рисовите“ се рангирани зад Бугарија и Азербејџан, место пред Зелено’Ртските острови и Австралија. Од репрезентациите во нашата група за ЕП 2016, Шпанија е најдоброрангирана на осмото место, Украина е на 22. позиција, Словачка е на 46. место, Белорусија на 81. додека Луксембург е на 108. позиција.

Новиот светски првак, репрезентацијата на Германија е водечка на листата на ФИФА, пред селекцијата на Аргентина, а на третата позиција е Холандија, со скок од дури 12 места. Меѓу најдобрите десет репрезентации се наоаѓаат уште и селекциите на Колумбија, Белгија, Уругвај, Шпанија, Швајцарија и Франција.




   
   
А репрезентација