Најдобрата европска репрезентација ќе биде голем предизвик за Македонија до 21 година

Објавено на 31 Август, 2020 во Вести, До 21 год


Македонската репрезентација до 21 година ги одработува подготовките за следните предизвици во квалификациите за Европското првенство (ЕП). Прв противник во септемврискиот циклус ќе биде селекцијата на Шпанија, главен фаворит во групата.

Селекторот Благоја Милевски истакна дека изданието на претходната средба на гостински терен му дава за право да се надева на добар натпревар во Скопје.

Најважно ми е сите играчи да бидат здрави. За се останато ќе разговараме за време на подготовките. Што се однесува до мечот, по промената на системот за пласман на ЕП и она кој и како ќе се квалификува не ни останува ништо друго освен да одиме на победа на секој меч и да собираме што е можно повеќе бодови. Момците покажаа дека имаат квалитет и да се спротистават на најдобрата репрезентација во Европа. Тоа ми дава за право да бидам оптимист. Секако дека има и што да поправиме, па на овој натпревар да бидеме во текот на целите 90 минути онака како што планираме“, изјави Милевски.

Ердон Даци, фудбалерот на турски Коњаспор верува во тимот, а потајно се надева на изненадување.

Во фудбалот нема нешто невозможно, да покажеме дека вредиме. Не очекува еден добар натпревар. Знаеме каков квалитет има Шпанија, се работи за селекција со извонреден квалитет, ама и ние имаме добри играчи. Јас верувам дека можеме да направиме нешто добро, затоа што и ние имаме добар тим и ги познавам нашите можности“, изјави Даци.





   
   
А репрезентација