Објавено на 09 Декември, 2016 во Вести
Националната фудбалска академија во рамки на ФФМ одигра два контролни натпревари против фудбалската академија на Словенија остварувајќи победа од 3:1 на возвратната пресметка, а загуби со 1:2 на првиот натпревар.
Единствениот гол за нашата академија на првата средба го постигна Дејан Стоименов во 70. минута. Избраниците на Неџат Шабани пропуштија неколку одлични прилики за погодок, Митровски два пати, Ѓоргиевски и Антовски не искористија одлични шанси за отворање на резултатот, а младите словенечки фудбалери тоа го казнија и со головите на Јака Биол во 52. минута и Бертско во 67. минута обезбедија предност од 2:0. До крајот од натпреварот Елмаз ја пропушти последната наша шанса за израмнување.
На возвратната пресметка Агнан Фетиши во 32. минута го постигна водечкиот погодок за нашата академија. Пет минути подоцна Јака Биол израмни на 1:1, а во второто полувреме два гола за академијата на ФФМ. Енис Фазлагиќ во 59. минута погоди за 2:1, Дејан Стоименов во 77. минута го постави конечниот резултат 3:1 во корист на нашата академија.
Академија МАКЕДОНИЈА: Благојче Иванов, Бесарт Буши, Мерис Факиќ, Антонио Митрев, Кирил Ристевски, Елиф Елмаз, Енис Фазлагиќ, Димитар Митровски, Филип Антовски, Никола Димовски, Марко Ѓоргиевски;
Бојан Тимевски, Гентијан Чадаровски, Астрид Адиловски, Јакуб Бериша, Дарко Тодоровски, Самоил Таневски, Дејан Стоименов, Кристијан Јордановски, Нинослав Здравковски, Агнан Фетиши, Дрилон Саити, Петар Канзуров;