Објавено на 16 Декември, 2016 во Вести
Бесарт Ибраими е најдобриот играч во Македонија за сезоната
2015/16, напаѓачот на Шкендија и на македонската
репрезентација ја освои и наградата за најдобар стрелец во изборот на Фудбалската федерација
на Македонија.
Во име на Ибраими, наградите ги прими неговиот татко, а Несторовски преку видео порака се заблагодари за наградата.
„Оваа година беше мошне успешна за мене. Како прв стрелец на Интер Запрешиќ во хрватското првенство успеав да стасам до Серија А во составот на Палермо, со што ми се оствари сонот. Се надевам на уште повеќе успеси во иднина. Благодарам за наградата и честитики за сите што заслужија признанија", рече Несторовски.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година која оствари историски резултат и се пласираше на ЕП во Полска доби специјална награда, а селекторот Благоја Милевски е најдобар тренер за сезоната 2015/16.
„Голема благодарност до сите што се заслужни за ова признание. Благодарност до Фудбалската федерација на Македонија која ни ги овозможи сите неопходни услови за работа. Благодарност до целиот тим, моите соработници во стручниот штаб, економот во репрезентацијата, лекарскиот тим и тим менаџерот. Најголема благодарност до оние што се најзаслужни за ова признание, играчите на кои им го посветувам ова признание. Секоја чест момци и уште еднаш Ви благодарам“, рече Милевски.
Сите награди за сезоната 2015/16Најдобар фудбалер: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Најдобар репрезент на мак-фудбалот: Илија Несторовски (Палермо)
Најдобар тренер: Благоја Милевски (Македонска репрезентација до 21 година)
Најдобар стрелец: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Специјално признание: Македонска репрезентација за играчи до 21 година
Најдобар стрелец кај дамите: Афродита Салихи (Драгон 2014)
Најдобра фудбалерка: Теодора Димовска (Драгон 2014)
Најдобар тренер во женскиот фудбал: Илија Мандаров (Драгон 2014)
Најдобар стрелец во младински фудбал: Александар Мишов (Академија Пандев)
Најдобар фудбалер во младинска категорија: Елиф Елмас (Работнички)
Најдобар клуб во младински фудбал: Вардар
Најдобар тренер во младински фудбал: Југослав Тренчовски (Академија Пандев)
Најдобар играч во футсал: Игор Леовски (Железарец)
Најдобар тренер: Иван Божовиќ (Железарец)
Најдобар фудбалски работник: Сергеј Самсоненко (Вардар)
Најдобар судија: Димитар Мечкаровски (Скопје)
Награда за фер-плеј: Хоризонт Турново
Награда за животно дело: Љубисав Иванов Ѕинго