Објавено на 11 Март, 2021 во До 19 год жени, До 17 год жени
На извлекувањето на Нион беа извлечени групите за квалификации на европските првенства до 17 и до 19 години кои ќе се одржат во 2022 година.
Согласно измените во форматот на натпреварувањата Македонската репрезентација во двете категории ќе се натпреварува во Лига Б од каде со евентуален пласман на првото место во групата ќе ја бара својата шанса за елитните квалификации во 2022 година.
Во категоријата до 17 години Македонската репрезентација е во група со Естонија, Молдавија и Украина, а квалификацискиот турнир ќе се одигра од 27 септември до 3 октомври, 2021 г. во Естонија. Финалниот турнир до 17 години ќе се одигра во 2022 година во Босна и Херцеговина.
Во категоријата до 19 години нашата репрезентација ќе се натпреваруварува со Кипар, Белорусија и Фарски Острови. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Кипар во октомври, 2021 г. Финалниот турнир за жени до 19 години ќе биде одигран во Чешка во 2022 година.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....