На 1. декември Македонија до 21 година ќе ги дознае противниците за ЕП

Објавено на 21 Ноември, 2016 во Вести


Европската куќа на фудбалот, УЕФА ги објави носителите за извлекувањето за Европското првенство за фудбалери до 21 година кое ќе се игра во Полска.

Нашата репрезентација е во друштво со Италија, со актуелниот шампион Шведска, Србија, Чешка и Словачка.

Домаќинот Полска ќе биде носител во А групата, додека Германија и Португалија ќе бидат во следните две групи како носители.

Во вториот барабан се Англија, Шпанија и Данска и една од тие селекции ќе ни биде противник во Полска. Од нашиот барабан каде се шест селекции наизмечнично ќе се бираат селекциите за пополнување на трите групи со по четири репрезентации.

Конгресниот центар во Краков ќе биде домаќин на ждрепката на 1. декември, на која ќе бидат одредени групите за младинското Евроспко првенство во Полска следната година.

Во првата фаза на ЕП во Полска ќе има три групи со по 4 репрезентации, а победниците на групите и најдобрата второпласирана селекција ќе играат во полуфиналето.

Барабан број 1

Полска во А група

Германија и Португалија во Б или Ц група

Барабан број 2: Англија, Шпанија и Данска

Барабан број 3: Италија, Шведска, МАКЕДОНИЈА, Србија, Чешка и Словачка




   
   
А репрезентација