Муамед Сејдини на официјален состанок со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин

Објавено на 15 Април, 2019 во Вести

Александар Чеферин: УЕФА со сигурност ќе остане цврст партнер на Фудбалската федерација на Македонија.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини и генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски денеска во Швајцарија остварија официјална средба со претседателот на УЕФА, Алаксандар Чеферин. 

Првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин одново ја потврди поддршката која нашата федерација ја добива од УЕФА напоменувајќи дека Европската фудбалска асоцијација ќе остане цврст партнер на Фудбалската федерација на Македонија.

-Почестен сум што имам можност да се сретнам со Муамед. Се восхитувам на ентузијазмот кој што тој го покажа во разговорите за идните проекти. Со задоволство можам да потврдам дека УЕФА ќе остане цврст партнер на ФФМ и ќе ги поддржи во нивните развојни стратегии, изјави Александар Чеферин, претседател на УЕФА. 

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини изјави дека како федерација сме исклучително горди и среќни што во УЕФА имаме одличен партнер.

-Среќни сме што во УЕФА имаме одличен партнер и на тој начин и со поддршка од нашиот голем пријател Александар Чеферин ќе градиме уште посилна федерација со добра структура и одлични односи со другите асоцијации. ФФМ е нераскинлив дел од европското фудбалско семејство, а УЕФА секогаш ја помага својата база. Благодарност до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин за убавите зборови и се надевам дека во иднина ќе работиме уште повеќе за промоција и унапредување на фудбалот, изјави Муамед Сејдини. 

Претседателите на УЕФА, Александар Чеферин и на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини прв пат се сретнаа во седиштето на УЕФА во Нион откако Сејдини беше избран за претседател на ФФМ. 



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација