Муамед Сејдини избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија

Објавено на 17 Март, 2019 во Вести


На Редовното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини е избран за нов претседател на ФФМ.
Во присуство на претставникот и член на Извршниот комитет на УЕФА, Давор Шукер, потоа Хејди Беха, претставник од ФИФА, генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски  и заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Газменд Ристеми, од 96 делегати на Собранието присутни беа 90 од кои 82 гласаа “ЗА” избор на Муамед Сејдини за нов претседател на ФФМ.
“Најнапред сакам да ја изкажам мојата благодарност до сите Вас за укажаната довербата.
Голема е честа да се биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија и да се бориме за македонскиот фудбал.
Вратата на Фудбалската федерација на Македонија секогаш ќе ви биде отворена.
Во име на нашата „Куќа на фудбалот“, сакам да Ви се заблагодарам за соработката во изминатиот период, но и да укажам на новите предизвици кои ги имаме и кој заеднички ќе се трудиме да ги исполниме.
Искрено се надевам дека сите заедно ќе работиме на заедничкото создавање подобра иднина за нашиот фудбал.
Со својата професионална активност во фудбалот ќе придонесуваме за јакнењето на заедништвото и меѓусебното почитување. Од сите нас се очекува да создадеме услови за подобрување на атмосферата, условите и амбиентот на фудбалско живеење во нашата држава, чесно и посветено ќе се бориме за тоа. 
Оваа Федерација секогаш ќе биде отворена за добри идеи и конструктивни предлози, секогаш ќе биде отворена за луѓе кои посакуваат европски фудбал и во Македонија. 
Бидете сигурни дека со сета сила и капацитет ќе се стремиме да ги оствариме целите од Стратегискиот план на Федерацијата, а тоа значи целосна поддршка од ФФМ за Националните селекции, Општинските фудбалски Сојузи, домашното натпреварување, инфраструктурно подобрување и развој на младинскиот фудбал.
Би сакал да изразам голема благодарност до УЕФА и ФИФА, две организации кои се нераскинлив дел од нашето работење и се надевам дека ќе бидеме горди на низа заеднички проекти и во иднина.
Ве повикувам чесно и одговорно да продолжиме да даваме придонес за развој на фудбалот во Македонија”, изјави Муамед Сејдини, откако ја доби довербата да биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија.



   
   
А репрезентација