Муамед Сејдини: Честитки од срце за сите. Ова се моменти на славје, но замолуваме да бидеме одговорни од здравствен аспект

Објавено на 12 Ноември, 2020 во Вести


Муамед Сејдини - претседател на ФФМ

Радосни сме, од срце им честитам на македонските фудбалери за историскиот резултат. 

Репрезентацијата покажа неверојатна сила и го заслужија епитетот - спортски херои. 

Фудбалерите, стручниот штаб и сите од ФФМ и медумите, најмногу сакаат да ја споделат радоста со навивачите и нашите сограѓани. 

Но, во време на пандемија мораме да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето и ве замолувам да бидеме одговорни.

Ова е момент на голема радост, но убеден сум дека ќе имаме уште многу вакви моменти на кои заеднички ќе прославуваме. 

Да ги почитуваме мерките на здравствените институции за добро на секој од нас. 

Имаме два натпревари за неколку дена и важно е да ги поштедиме и нашите херои.

Се гледаме на Европско. 

Напред Македонија.



   
   
А репрезентација