Објавено на 30 Ноември, 2016 во Вести
Европската куќа на фудбалот во пресрет на ждребката за Европското првенство за фудбалери до 21 година, на својата официјална веб страница го состави идеалниот тим на млади фудбалери кои блескаа на претходното Европско првенство, а со тоа се промовираа на европската сцена и ја зголемија својата цена.
Меѓу најпознатите фудбалери кои се најдоа на списокот на УЕФА се Хари Кејн, Жоао Марио, Вилијам Карваљо, Бернардо Силва, Тер Штеген, фудбалери кои во моментов се носители на играта во своите клубови, а некои од нив сезонава направија и многу скапи трансфери.
На европската сцена шанса да блеснат ќе имаат и нашите млади фудбалери како Кире Маркоски, Марјан Радески, Енес Барди, Бобан Николов, Егзон Бејтулаи, Дарко Велковски и другите фудбалери. Европското првенство за млади фудбалери наредната година ќе се одигра во Полска од 16 до 30 јуни.
Идеалниот тим на УЕФА од младинското ЕП во Чешка во формација 4-2-3-1:
Тер Штеген (Германија, Барселона)
Кимих (Германија, Баерн), Линделоф (Шведска, Бенфика),Кристенсен (Данска, Борусија М.),Аугустинсон (Шведска, ФК Копенхаген)
Марио (Португалија, Интер),Карвалјо (Португалија, Спортинг Лисабон)
Лингард (Англија, Манчестер јунајтед),Б. Силва (Португалија, Монако),Гереиро(Португалија, Борусија Д.)
Кејн (Англија, Тотенхем)