Младите пионери на Шкупи забележаа победа над Работнички и го освоија Купот на Македонија

Објавено на 10 Мај, 2016 во Вести


Младите пионери на Шкупи забележаа победа од 2:1 над Работнички во финалето од Купот на Македонија во конкуренција на помлади пионери. Фудбалерите предводени од Јетон Муслиу прикажаа подобра игра, особено во првото полувреме и сосема заслужено се радуваа на освоениот трофеј од националниот куп во категорија на помлади пионери.

На почетокот на средбата двете екипи пропуштија по една добра можност за постигнување на погодок. Во 22. минута од дуелот Шкупи погоди за водство од 1:0 благодарение на снаодливоста во шеснаесетникот на младиот напаѓач Мухарем Сухејљ. Истиот играч во 30. минута го зголеми водството на својата екипа на 2:0.

Во продолжението од мечот, Работнички одигра нешто подобро, но тоа не беше доволно за освојување на трофејот. Во 65. минута Божидар Митревски успеа само да го намали водството на противникот на 2:1. Воедно тоа е и конечниот епилог од оваа средба. До крајот Работнички се обидуваше да погоди за израмнување на резултатот, но без поголем ефект.

ФИНАЛЕ КУП НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ:

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ  2:1(2:0)

(1:0 Мухарем Сухејљ 22`; 2:0 Мухарем Сухејљ 30` 2:1 Божидар Митревски 65`)

Тренинг центар „Петар Милошевски” - Скопје

РАБОТНИЧКИКирил Петрески, Дарко Костовски, Никола Мижовски, Николај Мелов, Борис Јакимовски, Божидар Митревски, Рилинд Ајдини, Никола Андрески, Давид Тошевски, Димитар Тодоровски, Трајче Пеев; Тренер: Марјанчо Андрески;

Резерви: Никола Николов, Марко Андоновски, Леонид Јанкуловски Редев, Јездимир Неделковиќ, Христијан Стојановски, Дамјан Масевски, Ален Личина;

ШкупиНухи Јонуз, Адис Османовски, Заим Цури, Хасиб Ибрахими, Висар Имери, Ањдин Цули, Сухејљ Мухарем, Аган Зубер, Фахрудин Ченгиќ, Бурим Алити, Мухамед Адеми; Тренер: Јетон Муслиу;

Резерви: Ерден Сејди, Мемет Идризи, Адем Сопа, Фисник Зејнулаи, Биљаљ Исени, Шенол Јашари, Агон Сефо;




   
   
А репрезентација