Објавено на 21 Мај, 2019 во Куп на Македонија, Младински Куп, Вести
Младинскиот тим на Вардар убедливо, со 4:0 славеше против Шкендија и го освои трофејот во Купот на Македонија. На тренинг центарот “Петар Милошевски” во Скопје, младинците на Вардар доминираа против тетовци, посебно во првото полувреме кога го решија натпреварот и сосема заслужено се радуваат на пехарот во натпреварувањето.
Најпрвин, Давид Велковски со глава погоди за 1:0 во 10. минута, а истиот фудбалер во 16. минута со својот втор погодок зголеми на 2:0. Во 19. минута прекрасен гол даде Ибиши од 30-на метри за 3:0.
Во второто полувреме, Шкендија се обиде да се врати резултатски во игра, создадоа неколку убави шанси, но не беа искористени. Радески спасуваше од гол линија, а не беше прецизен ниту Рамадани. Кон крајот од финалето, во 84. минута, Вардар го постигна и четвртиот погодок, откако Али Адем го реализираше пеналот направен токму врз него.
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 0:4 (0:3)
Тренинг центар „Петар Милошевски“ во Скопје.
Судија: Марјан Дејановски (Кичево).
(1:0 Велковски 10’ - 2:0 Велковски 16’ - 3:0 Ибиши 19’ - 4:0 Адем 84’ пенал)
ШКЕНДИЈА: Абази, Мустафа, Реџепи, Шахини, Бахија, Рамиќ, Реџепи, А. Рамадани, Ф. Рамадани, Мазари, Љума. Играа уште: Спахиу, Каримани, Јакупи, Селмани, Арслани, Амети;
ВАРДАР: Андов, Радевски, Тасев, Ѓорѓиески, Наумчески, Стојчески, Велковски, Адем, Колевски, Димоски, Ибиши; Играа уште: Божиновски, Пешевски, Јусуф, Петковски;