МЛАДИНЦИТЕ НА МЕТАЛУРГ ГО ОДБРАНИЈА НАСЛОВОТ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Објавено на 09 Мај, 2014 во Младински Куп, Вести

Младинците на Металург на пенали го победија Вардар за наслов во Купот на Македонија. Металург славеше со 5:3 во младинското финале на „Филип Втори“ против Вардар.

mladinski kup4

Младинците на Металург на пенали го победија Вардар за наслов во Купот на Македонија. Металург славеше со 5:3 во младинското финале на „Филип Втори“ против Вардар. Во регуларните 90 минути, двата тима одиграа 1:1. Металург обезбеди предност од 1:0 во 27 минута со погодокот од слободен удар на Михајло Митрев. Во 69 минута, Вардар го постигна погодокот за израмнување преку Енсар Сулејмани.

Во пенал рулетот решавачка беше втората серија кога голманот на Металург, Мирзад Дураковиќ го одбрани ударот на Димитар Иванов.

Младинците на Металург и лани по подобро изведување пенали против Ренова го славеа Куп трофејот.

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ 1-1 (0-1)
Стрелци: Сулејмани 69′ (В); Митров 27′ (М)

ВАРДАР: Јаневски, Стојановски, Недески, Серафимовски, Велковски, Ангеловски, Бошевски( 67′ Мемеди), Симјановски (63′ Филиповски), Иванов, Георгиевски (46′ Мирчевски), Распашковски (58′ Сулејмани)
МЕТАЛУРГ: Дураковиќ, Ристовски (68′ Ѓорѓиевски), Каранфиловски, Илиески, Дигаловски (77′ Шопоски), Наумоски, Али (42′ Христов), Митров, Чаволи (65′ Јевтовски), Јакимовски, Ѓорѓиев (90′ Ѓорѓиевски)

mladinski kup5

mladinski kup6



   
   
Актуелности

30.12.2024    Вести

Новогодишно интервју со Масар Омерагиќ - Претседател на ФФМ

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија во новогодишно интервју одговара на новинарски прашања од медиумите...

27.12.2024    Вести

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија....

Календар
А репрезентација