Младинците на Академија Пандев се радуваа на освоениот трофеј од националниот куп

Објавено на 19 Мај, 2016 во Вести


Младинците на Академија Пандев  забележаа минимална победа над Вардар со резултат 1:0 во финалето од Купот на Македонија во младинска конкуренција. Младите фудбалери на Академија Пандев заслужено на крајот  се радуваа на освоениот пехар по одиграното финале на тренинг центарот „Петар Милошевски”

Двете екипи одиграа еден доста тежок и тврд натпревар, во кој на крајот избраниците на тренерот Југослав Тренчовски се радуваа на триумфот што резултираше со подигнување на трофејот од националниот куп.

Во текот на целиот натпревар имаше изедначена борба. Во првиот дел по неколку добри прилики пропуштија двете екипи. На полувреме се замина без погодоци.

 Во продолжението и двете екипи создаваа шанси, но без ефект. Конечно во 84. минута беше скршен мразот, Филип Михаилов погоди за голема радост и победа на екипата на Академија Пандев со 1:0

ФИНАЛЕ – КУП НА МАКЕДОНИЈА (КАДЕТИ)

ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ  0:1 (0:0)

(1:0 Филип Михаилов  84`)

Тренинг центар „Петар Милошевски” – Скопје

Вардар:Филип Трајчевски, Филип Јошевски, Берат Исмаил, Есмин Личина, Дарко Додевски, Стефан Тасески (Борјан Тодоровски), Теодор Димитровски (Виктор Димков), Ердон Даци, Димитар Кремчески (Томче Велкоски), Андреј Ричков, Кристијан Апостоловски; Тренер:Љупчо Марковски;

Клупа за резервни фудбалери:Александар Ѓорѓиоски, Томче Велкоски, Борјан Тодоровски, Виктор Димков, Едис Хамзиќ, Бенјамин Салков, Виктор Јовановски;

Академија Пандев: Димитар Ѓорѓиев, Ване Јонев, Александар Малинов, Александар Мишов (Ване Киров), Даниел Радојчиќ (Никола Стојков), Филип Михаилов, Игор Петков (Горан Томовски), Даниел Миловановиќ, Ристе Темелков, Глигор Дончев (Роберт Папучиев), Валентин Кочоски; Тренер: Југослав Тренчовски;

Клупа за резервни фудбалери:Ангел Гелов, Роберт Папучиев, Никола Стојков, Горан Томовски, Христијан Тимов, Јане Милушев, Ване Киров;




   
   
А репрезентација