Објавено на 05 Мај, 2016 во Вести
Младата репрезентација на Македонија до 14 години денеска го одигра првиот од двата контролни натпревари против селекцијата на Кипар. На тренинг центарот „Петар Милошевски" младите фудбалери успеаа да забележат победа.
Избраниците на селекторот Марио Вујовиќ одиграа добар натпревар, во кој беа подобар противник и сосема заслужено остварија победа од 2:1 над селекцијата на Кипар. Првиот гол на средбата беше дело на Иван Николов во 33. минута. Во првиот дел имавме уште неколку добри прилики да постигнеме уште еден погодок.
Во продолжението од мечот, противникот го зададе првиот удар. Во 54. минута Караломпус погоди за израмнување на резултатот. Голот за победа на младата селекција на Македонија беше дело на Филип Андоновски во 70. минута.
МАКЕДОНИЈА: Станковски, Ѓурковски, Горгиев, Станковски, Сали, Стојменов, Костовски, Илиевски, Ајдини, Николов, Игњатов; Селектор: Марио Вујовиќ
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....