Mинимален пораз на женската репрезентација на Македонија до 17 години од Хрватска во првиот натпревар од развојниот турнир

Објавено на 25 Август, 2015 во Вести, До 19 год жени

Минимален пораз на женската репрезентација на Македонија до 17 години на УЕФА развојниот турнир кој се одржува во Босна и Херцеговина.

Тие се поразени со 2-1 од  селекцијата на Хрватска. Како резултат на подобрата игра избраничките на селекторот Кирил Изов, во 55` минута од натпреварот стигнаа до предност од 1 - 0 со голот на Улза Максути. Во финишот на средбата, Хрватска со головите на Клариќ во 76` и Спајиќ во судиското продолжение стигнаа до целосен резултатски пресврт.

Хрватска-Македонија 2-1

Стрелци на головите: Марија Клариќ 76` и Хелена Спаиќ 80` за Хрватска  Улза Максути 55` за Македонија

ХРВАТСКА: Ханачак, Решановиќ, Копиќ, Бабиќ, Буциќ, Бартоловиќ, Компас, Спаиќ, Јаковиќ, Петровиќ и Клариќ

МАКЕДОНИЈА: Евгенија Крстевска, , Ана Благонова, Теодора Ѓорѓиевска, Ивана Биневска, Цветанка Мицева, Анастасија Николовска, Елена Петровска, Марија Белистојаноска, Мила Талевска, Јана Чубриновска и Улза Маскути.

„Никогаш не ги коментирам судиските одлуки. Сепак морам да кажам дека на ова средба сме оштетени до страна на бугарската судиjка Надежда Белечева, која со неколку чудни одлуки имаше дирекно влијание на конечниот резултат. На изненадување на сите беше покажано дека треба да се одиграат дополнителни 6 минути, Противникот во последните моменти од средбата постигна нерегуларен гол. Нашата голманка Крствеска беше срушена во шеснасетникот. И додека сите очекува фаул, противникот постигна гол, по што истиот беше признат".-изјави селекторот Кирил Изов.



   
   
А репрезентација