Минимален пораз на репрезентацијата на Македонија до 18 години

Објавено на 09 Јуни, 2015 во Вести, До 19 год

Македонската репрезентација до 18 години беше минимално поразена со 1:0 од селекцијата на Шведска. Натпреварот се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски" во комплексот „Куќа на фудбалот".
Единствениот гол за гостинската репрезентација го постигна Ерик Андерсон во 29. минута од слободен удар. Македонија преку Петар Петковски промаши пенал во 86. минута. Во првите 45. минути избраниците на селекторот Горан Станиќ имаа две шанси. Првата во деветтата минута кога Давор Здравковски со глава биеше покрај гостинскиот гол. Три минути подоцна капитенот Петар Петковски упати удар од работ на шеснасетникот, но топката заврши близу дирекот од голот на Давид Олсен. Репрезентацијата на Македонија ја имаше теренската инцијатива и во вториот дел од средбата. Покрај нереализираниот пенал, нашите репрезентативци има уште три шанси. Во периодот од 64. до 68. минута на два пати во прилика се најде Валентин Кочовски, а ударот на Дин Аломеровиќ во судиското продолжение заврши покрај голот. Најубавата прилика за израмување ја имавме во 86 минута, но за жал ударот на капитенот Петар Петковски од единаесет метри остана без реализација.



За Македонија настапија следните фудбалери:

Филип Илиќ, Слободан Боцевски, Дин Алаомеровиќ, Давор Здравковски, Тела Шаип. Стефан Јефтовски, Матеј Цветановски (Садики Нехар), Саше Шопоски (Стефан Лазаревиќ), Петар Петковски, Валентин Кочовски, Страхиња Крстевски (Селмани Рамзифаик).

„Задоволен сум од прикажаната игра. За жал теренската иницијатива не беше реализирана со погодок. Би сакал да истакнам дека од натпревар во натпревар имаме се помалку недостоци во нашата игра.  Ни останува да корегираме уште мал дел од грешките. Сметам дека ќе почнеме да ги реализираме шансите", изјави Горан Станиќ.





   
   
А репрезентација