Милевски спроти утрешниот ждреб: Возбудата ја даваат најдобрите 12 репрезентации во Европа

Објавено на 30 Ноември, 2016 во Вести


Селекторот на македонската репрезентација до 21 година Благоја Милевски заедно со дел од своите соработници пристигна во полски Краков каде утре во 18:00 часот ќе биде извршено извлекувањето на групите за Европското првенство 2017 година. Предводникот на нашата репрезентација посети дел од терените во околината на Краков предвидени од организаторот за подготовки на тимовите учесници на Европскиот шампионат. Тренинг комплексоте на локалните клубови Забјежув и Броновјанка ги скенираа и репрезентациите на Србија, Шпанија и Португалија. Милевски вели дека нема посебна желба во однос на противниците кои ќе бидат во нашата група.

-На Европското првенство е собрана елитата, ова е последниот филтер пред да го добиеме континенталниот првак и навистина е неблагодарно да прогнозираме во однос на нашите евентуални противници. Најважната работа за нас во следниот период е да ги обезбедиме најдобрите услови за подготовка на тимот и да ги следиме активностите и натпреварите на играчите. Убеден сум дека Полска ќе биде одличен домаќин. Домаќините и резултатски имаат големи очекувања, но ние секогаш се фокусираме само на нашиот тим. Верувам дека сите ја сфаќаме сериозноста на овој голем настан за нас и остануваме позитивни, вели Милевски. 




   
   
А репрезентација