Милевски: Секој гол и секој бод е важен

Објавено на 06 Ноември, 2024 во Вести, Вести


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот на фудбалери за последните средби од Лигата на нации против Летонија (14 ноември) и Фарски острови (17 ноември), кои ги играме на домашен терен.

Повикани се двајца дебитанти, голманот Марко Алчевски од Хапоел Ерусалим и дефанзивецот Бехар Фета од Домжале, а повик доби и напаѓачот Сефер Емини од Сондерјиске. Од октомврискиот циклус недостасуваат Иљазовски, Илиевски и повредениот Костадинов.

Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација: 

Во ова издание секој бод и секој гол е важен. Секој натпревар го почнуваме со цел да победиме и да ги намалиме грешките кои што се неизоставен дел од секој дуел. Победа е императив на мечот со Летонија, но очекувам многу потежок натпревар од тој во Рига“.

„Им посакувам добредојде на двајцата дебитанти кои заедно со Стојчевски и Илиевски, кој не е сега со нас, се приклучени од последната генерација на младата репрезентација до 21 година. Се надевам дека во иднина ќе се наметнат и ќе бидат важен дел од тимот кој се гради.Поминавме многу тежок период со минутажата на нашите играчи во клубовиге. Имаме проблеми со повредени играчи и нема да сметаме на Тихомир Костадинов, а под знак прашалник се Муслиу и Трапановски. Свесни за важноста на овие два натпревар и главна цел ни е да останеме на првата позиција“.







   
   
А репрезентација