Објавено на 16 Февруари, 2015 во Вести, До 21 год
Предводникот на селекцијата до 21. година вели дека е задоволен од шансата која играчите ја добиваат во своите тимови, а како многу значајна ја потенцира комуникацијата со репрезентативците и добиените информации од стручниот штаб на клубовите за тоа што евентуално треба да се унапреди.
-Заедно со селекторот на А репрезентацијата ги следевме подготвителните натпревари на нашите клубови во Анталија. За нас е многу корисно да забележиме дали играчите на кои сметаме во репрезентацијата добиваат шанса за настап во своите клубови. Повеќе од половина од играчите во младата репрезентација настапуваат во домашното првенство, а на натпреварите кои ги следевме покажаа дека можат да дадат придонес во успесите на своите клубови. Го забележавме и настапот на Даниел Аврамовски во Црвена Звезда, позитивно е тоа што се врати во натпреварувачка форма, тоа може да биде многу корисно за нас. Квалитетните натпревари и силните дуели сигурно ќе помогнат во фудбалскиот развој. Со дел од фудбалерите разговаравме и за нашата група за квалификациите за Европското првенство, ме радува тоа што го слушнав. Кога самите играчи потенцираат дека без разлика на противникот и без оглед дали натпреварот е квалификациски или пријателски, клучен е пристапот, сфаќаме дека на некој начин веќе сме созреале. На тој начин можеме да изненадиме и против фаворитите и да бидеме оптимисти. Наша задача е да пратиме порака дека сите се активни репрезентативци, дека го следиме нивниот развој, се надевам дека ќе бидат важен дел од успесите и на клубовите и на репрезентацијата, изјави Благоја Милевски.
Квалификациите за пласман на ЕП во Полска, нашата млада репрезентација ги отвора на 11. јуни на гостување во Исланд. Првиот домашен натпревар го играме против Украина на 5. септември 2015. година.
Младата репрезентација на Македонија до 21 година и официјално ги започна подготовките за претстојните два квалификациск...