Објавено на 07 Ноември, 2016 во Вести, До 21 год
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година Благоја Милевски и неговиот стручен штаб денеска ги започнуваат подготовките со фудбалерите од генерацијата 1996/97 кои се вклучени во селективниот камп во Охрид. Во рамки на селективниот камп ќе се одиграат два контролни натпревари против Ренова и прилепска Победа на 9. и 11. ноември на стадионот „Билјанини извори“. Од првичниот список на селекторот Милевски поради повреда Алекса Амановиќ од српски Јавор не е во можност да се стави во функција на тимот, а од истата причина во Охрид не допатува ниту Даниел Крезиќ.
-Ќе се обидеме на најдобар начин да ги искористиме овие неколку денови за запознавање и увид во потенцијалот на играчите кои се повикани на селективниот камп. Сите повикани фудбалери мора да покажат квалитет и одговорност кон дресот што го носат доколку имаат намера да бидат дел од оваа репрезентација. За нас е многу важно играчите да ги прифатат методите и принципите на нашата работа и да сфатат дека настапот за оваа репрезентација е привилегија, но и голема одговорност. Се надевам дека подготовките ќе поминат според предвидената програма и ќе можеме да извлечеме многу позитивни работи од овој селективен камп, изјави селекторот Милевски.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....