Милевски и Ристовски на официјална прес конференција спроти Германија

Објавено на 10 Октомври, 2021 во Вести, Вести


Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски и капитенот Стефан Ристовски на официјалната прес-конференција ги споделија своите очекувања спроти утрешниот натпревар против Германија. 

Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација

Дали можеме да одиграме идеален меч? Мора да сме на највисоко ниво, од тактичка смисла. Поединечно и тимски. Го респектираме противникот, одличен тим, одлични поединци, но за многу нешта утре ќе се прашува и Македонија“

„Имаме шест млади играчи кои се приклучени на тимот од последните  квалификации на младата репрезентација. Се наметнуваат, а на самите нив е да докажат и покажат колку минутажа заслужуваат. Задоволен сум од нив, повторувам на нив е да го покажат и докажат сениорскиот репрезенативен статус. Постарите да им бидат пример како се останува долг период во репрезентацијата“.

„Ние имаме јасна цел и визија. Сме во една нова фаза на создавање на нов лик на репрезентацијата со крајна цел, создавање на тим кој ќе е конкутрентен и за следниот квалификациски циклус за ЕП во Германија 2024. Имаме идеи и цел, како да создадеме конкурентен тим. Имаме на располагање играчи со капацитет кои се способни да ги пренесат идеите на стручниот штаб на терен. Заодоволството кое го гледам кај нив ми дава за право да мислам дека сме на правиот пат. Навивачка поддршка секогаш ни е потребна и е нужна. Постарите играчи им се од помош на помладите, и тоа е голем плус за оваа генерација“.

„Секако дека одуството на Пандев, а посебно во моментов на Барди се чувствува. Може да се каже дека, еве Горан повеќе не настапува за репрезентацијата, тоа е негова одлука, неговата улога во мак фудбалот е огромна и тоа е неспорно. Ситуацијата со Барди е таа што е, имавме сличен проблем и во септември. Да, ова е сосема поинаков меч од оној во Диузбург и доколку сакаме да постигнеме нешто, ќе мора да бидеме на највиоко можно ниво

Стефан Ристовски - репрезентативец на Македонија:

„Денеска сите играат фудбал, без оглед на големината на противникот. Победа си е победа, без разлика против кого е и секоја една носи три бода. Нормално дека секој селектор си има свои идеји, новости. И Милевски како селектор има свои идеји, а ние сме тука како професионалци да го исполниме тоа на терен“ 

„Имате различни мечеви против послаби, посилни противници, а ние сме должни да исполниме се. Германија е врвот на светскиот фудбал и треба да се одговори со тактичка и физичка дисциплина. За мене е секој натпревар е искуство. Против било кој противник. Европското за сите значеше многу за сите. Гигант како Германија не простуваат грешки, ти даваат многу малку и тоа треба мора да се искористи. Германија, за мене е најголемата репрезентација на светот“.

„Мислам дека Горан Пандев фалел и ќе фали. Не е професионално сега да се враќаме назад. Треба да гледаме напред. Барди, да носител е  на оваа генерација, но ако не е тој на терен ќе биде друг. Спортски е да се надеваш на успех, но секој меч, секој ден е нешто ново. Мора да го заборавиме тоа во Дуизбург. Како искусен играч мора да кажам дека мора да се искористи се што ќе ни се пружи“ .




   
   
А репрезентација