Објавено на 26 Март, 2023 во Вести, Вести
Во пресрет на утрешниот пријателски натпревар Македонија - Фарски Острови на Националната арена “Тодор Проески” во Скопје, прес - конференција одржаа селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот, Елиф Елмас.
Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација:
“Натпреварот против Малта не смее да биде поразличен од било кој друг. Сите што се тука и кои ќе настапат го знаат тоа и мора да дадат сè од себе за да стигнеме до позитивен резултат. Не се во комбинација Димитриевски, Зајков и Муслиу, но сите други се подготвени и во комбинација за настап против Фарски Острови. На последните осум натпревари, Противникот има само еден пораз, ја победија Турција и тоа доволно зборува дека денеска нема слаби селекции.
“Треба да бидеме потполно фокусирани. Нема фаворити во денешниот фудбал и тоа ќе го кажам по којзнае кој пат. На ваков меч се испробуваат разни варијанти кои ќе ни помогнат за следните натпревари”.
Елиф Елмас - репрезентативец на Македонија:
“Сите ние во репрезентацијата секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас за Македонија. Така ќе биде и утре со Фарски острови. Јас за репрезентацијата секогаш сум максимално мотивиран. Тоа што е Наполи, тоа останува таму и во моментов е небитно, размислувам само за Македонија. Секогаш се трудам да го дадам максимумот”.
“Утре нѐ чека предизвик во кој ќе го дадеме максимумот, зашто знаеме дека Фарски острови имаат добра низа на резултати. Но, ќе излеземе на терен да го направиме тоа што ќе се договориме и тоа што го бара селекторот од нас”.