Објавено на 07 Септември, 2021 во Вести, Вести
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот, Столе Димитриевски на официјалната прес-конференција на Националната арена „Тодор Проески“ ги споделија своите размислувања и очекувањата од утрешниот натпревар против Романија во рамки на 6. коло од квалификациската група за пласман на СП 2022.
Благоја Милевски - селектор на македонската репрезентација:
- „Романија е многу сериозна репрезентација. Имаат квалитетни индивидуалци и доаѓаат во добар момент за нив. Но, ние сме сконцентрирани на нашата игра и како треба да изгледаме на терен. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар од тој во Букурешт. Не мислам дека е одлучувачки за нашето место во квалификациската група. Се надевам дека до крајот ќе бидеме во игра за второто место.
- Фудбалерите се мотивирани и подготвени за надигрување. Јас сум задоволен од начинот на кој ги одигравме двата натпревевари. Со само два-три тренинзи сите тактички задолженија ги одработија на одличен начин и ова е правецот кон кој треба да се движиме и во иднина.
- Единствениот проблем со Исланд беше нашиот психолошки момент, но работиме и на тој аспект. Се друго, технички-тактички беше на високо ниво и со многу дисциплина. Фудбалерите сега имаат поинаков начин на работа и задолженија, ги прифатија на најдобар начин и им оддавам признание за тоа.
- Натпреварот со Романија ќе биде исто така во висок ритам, напорно е да се издржат три натпревари во краток период, но јас сум убеден дека момците ќе дадат максимум и ќе бидеме подготвени за утрешниот меч. Важно е дека сите се здрави и сите конкурираат за место во тимот. Се надевам дека така ќе биде и по официјалниот тренинг“.
Столе Димитриевски - репрезентативец на Македонија:
- „Мојата цел ќе биде како и на првиот натпревар, ќе се обидам заедно со соиграчите да не бидам совладан. На претходните два меча шансите на противникот се минимизирани, тоа зборува за нашата добра поставеност во дефанзива и дека целосно ги разбираме тактичките барања на селекторот.
- Одигравме одлични 75. минути во Исланд, направив грешка за првиот гол, а потоа ни се случи психолошки пад. Но, анализиравме, работевме на сите аспекти во играта и се надевам дека утре ќе бидеме на високо ниво“.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....