Објавено на 25 Септември, 2022 во Вести, Вести
Македонската
А репрезентација утре во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во
Скопјепротив Бугарија
го игра последниот натпревар во групата од Лига на
нации.
На официјалната прес-конференција пред новинарите говореа селекторот
Благоја Милевски и капитенот на репрезентацијата, Енис Барди.
Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација:
„Промени дали ќе има не би говорел. Очекувам како и на секој натпревар да се потрудиме да победиме. Што ќе донесе играта ќе видиме. Момците се спремни да покажат дека незаслужено загубивме во Тбилиси.
Што се однесува до Бугарија, ја анализиравме, но со многу проблеми. Тие имаат нов селектор и многу нови играчи, а тоа е непознаница. Сепак, ние мора да се концентрираме на нашата игра. Само тројца од првиот меч се тука, а особено и младите играчи кои првпат се во составот, поседуваат квалитет, јас гледам на тоа како противникот функционира како тим.
Имаме стратегија, тоа е создавање на тим кој ќе биде конкурентен во наредните 4-5 години. Здравствениот билтен ќе биде појасен по денешниот тренинг кој претстои. Што се однесува до теренот, тој не е во многу добра состојба. На мое барање стадионот триесет дена не се користеше.
Да бидеме јасни, политиката е на страна, ние сме спортски работници и не интересира само тоа. Мора да најдеме начин да победиме на теренот. Јас по дуелот во Бугарија се заблагодарив на домаќинот за дочекот, а од наша страна ќе биде вратено тоа тука. Нè интересира само спортскиот аспект. Цврсто сум убеден во мојот личен став и на федерацијата дека гледаме само на спортот. И јас ја повикувам публиката да биде фер и коректна“.
Енис Барди - капитен на македонската А репрезентација:
„По поразот во Грузија со таква игра, беше тешко. Фудбалот се игра на резултат, не е добро кога ќе загубиш, ама одиме напред. Имаме уште една шанса, да покажеме дека тој резултат во Грузија не беше вистинска слика и со три бода можеме да извадиме позитивен момент. Ние имаме доста нови играчи, потребно е време да се запознаеме со дел од тимот. Како што гледам, сите даваат голови за клубовите, а тука или не ни оди или не нè сака топката. Мора да сме трпеливи, ќе дојде нашиот момент. Ја знаеме сопствената цел, тоа е пласман на Европското првенство. Мора да чекаме, потребно им е време на младите да се адаптираат. Ние постарите имаме искуство, а останатите се под мала тензија. Потребна е поддршка, сметам дека сме добра генерација и ќе направиме големи работи“