Објавено на 01 Јуни, 2022 во Вести, Вести
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и капитенот, Енис Барди на официјална прес-конференција ги споделија своите очекувања за утрешниот натпревар против Бугарија во Разград на отворањето од новото издание на Лига на нации.
Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација:
„За мене фаворитот треба да се покаже на терен. Фаворити пред натпревар не постојат. Оваа група е изедначена, а единствена наша цел е да дадеме максимум за да извлечеме позитивен резултат. Баражите одамна се зад нас, секој нов натпревар е нов предизвик. Стартуваме со проблеми и повредени фудбалери, но имаме шанса да ги провериме можностите на сите повикани фудбалери.
Бугарија е квалитетен тим, имаат одлични фудбалери. Секој натпревар е различен, мора да имате план кој треба да се исполни. Сепак, се прашува и противникот и ќе видиме што ќе ни донесе натпреварот.
Се чувствувам горд кога момците го покажуваат потенцијалот на терен. Задоволство е да се работи со нив како карактери, момци и фудбалери. Во вистинска насока сме“.
Енис Барди - капитен на македонската А репрезентација:
„Имаме искуство, подготвени сме да играме паметно и кога сме фаворити. Имаме победнички менталитет. Многу ни е важно добро да стартуваме. Имаме освежувања во тимот, но физички и психички сме подготвени за предизвикот.
Чест ми е да сум капитен, но секогаш велам дека сите сме капитени и сите во одредени моменти можеме да дадеме дополнителна вредност. Успехот на селекцијата ни е најважен. Последен пат кога бев капитен дадов три гола и не би било лошо да продолжам така“
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....