Милевски и Барди на прес-конференција пред Украина

Објавено на 13 Октомври, 2023 во Вести, Вести


Во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Украина, на „Епет“ арената во Прага, на прес конференција свои очекувања споделија селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди.

Благоја Милевски – селектор на македонската репрезентација:

Не е потребно да се трошат зборови за квалитетот на Украина. Има играчи кои играат во топ клубовите. Од друга страна, Македонија многу пати покажа дека може да биде конкурентна со силни селекции. Ме радува нашата форма од септември и се надевам ќе ја задржиме. Утрешниот натпревар ќе биде различен од тој во Скопје. Доаѓаме во фаза двете селекции да се борат за втората позиција и само победа би ни одговарала. Очекувам отворен натпревар и допадлив фудбал. Мора да бидеме фокусирани за време на сите 90 минути, а не само 60-65 како што беше во Скопје. Имаме измени во тимовите од јуни, од тој аспект очекуваме да постои разлика од јунскиот дуел. Во составот нема да биде само Зајков, сите останати се здрави, се надевам така и ќе остане. Украинците во својот ростер има голем број на исклучително квалитетни играчи. Сметам дека нема да се почувстсвуваат одредени отсуства кај нив“.

Енис Барди – капитен на македонската репрезентација:

Украина е многу квалитетна репрезентација, има топ фубдалери. Не размислуваме за нивните отсуства, туку само за нашиот тим. Секогаш разговараме за нашите слаби страни и како да се подобриме. Зборуваме за менталитетот кој сакаме да го промениме, се консолидиравме и го надминавме јунскиот пораз. Со самото тоа што го носиме репрезентативниот дрес, значи дека ние сме најдобрите играчи во моментот, не е потребна поголема мотивација. Со Украина играме уште еден важен натпревар за нас, па сакаме позитивен резултат. Мислам дека на првиот дуел имавме пад на концентрацијата, во некои ситници кои може да се казнат. Сите ќе преземеме одговорност, знаеме колку ни значи и без притисок не може да се игра.“





   
   
А репрезентација