Објавено на 04 Септември, 2021 во Вести, Вести
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот, Енис Барди на официјалната прес-конференција во Рејкјавик ги споделија своите размислувања и очекувањата од утрешниот натпревар против Исланд во рамки на 5. коло од квалификациската група за пласман на СП 2022.
Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
„Ерменија останува зад нас, жалам за пропуштените два бода, но направивме сѐ што беше во нашите можности. Ни недостасуваше завршницаи реализација. Се надевам сега тоа ќе го подобриме. Наше е да одиме да одиграме најдобро што знаеме, да одиме на победа. Нè очекува тежок и неизвесен натпревар. Исланд е квалитетна екипа. Според она што го видовме на дуелот со Романија не заслужија пораз. Треба да бидеме на нашето најдобро ниво ако сакаме позитивен резултат. Исланѓаните сакаат да играат фудбал, да го имаат поседот во свои нозе. Тоа е различно од она што сме го гледале во минатото. Имаат друга филозофија. Сакаат топка во своите нозе. Меѓутоа тоа ќе зависи од нас и од нашиот пристап. Детали и индивидуални потези ќе го одлучат натпревар“.
„Овој тим е во фаза на трансформација, освежен со фудбалери кои имаа помал стаж во селекцијата, а кој со игрите за клубовите и младата репрезентација заслужија да се тука. Не чувствувам јас никаков притисок, ниту фудбалерите чувствуваат некаков притисок од јавноста. За нас, секој следен меч е најважен, така и овој со Исланд. Наше е до крај да останеме во трка за тоа второ место“.
Енис Барди - репрезентативец на Македонија:
- „Треба да се концентрираме на нас. Она што ќе се договориме пред меч да го покажеме на терен. Исланд е силен, но многу работи ќе зависат од нас. Мора да бидеме фокусирани, да имаме желба, што не се сомневам дека ќе биде така. Треба да ја играме нашата игра и да одиме на победа“.
- „оа што го направивме во минатото е историја. Фудбалот е таков спорт кој бара докажување секој нов натпревар. Очекувањата се добри резултати. Не гледам дека имаме притисок. Гладни сме за уште поголеми успеси. Имаме многу што да дадеме. Оваа генерација има уште што да покаже. Најважно е да одиме од натпревар во натпревар. Самодовербата е тука“.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....