Објавено на 19 Ноември, 2022 во Вести, Вести
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски и репрезентативецот Енис Барди на официјална прес-конференција говореа за очекувањата од утрешниот натпревар против Азербејџан на Националната арена „Тодор Проески“.
Благоја Милевски - селектор на македонската А репрезентација:
„За жал, утре Бојан Миовски нема да игра поради болест, а поради приватни причини го ослободив и Езџан Алиоски. Ќе мора да играме без нив двајца. Ние на секој натпревар играме да победиме, нема да биде поразлично и утре. Секогаш играме на победа, се надевам така ќе биде и против Азербејџан. Знам дека Азебејџан добро не скаутирал, но се надевам дека нашиот квалитет ќе излезе на површина иќе стигнеме до победа. Јас инсистирав на вакви противници, различни и квалитетни, Финска е топ репрезентација, Азербејџан игра навидум поразличен фудбал, но нивните последните натпревари го потврдуваат нивниот квалитет, очигледно е дека селекторот добро си ја работи работата. Имаат одлични индивидуалци и се агресивни. Ние имаме квалитет, слабостите ги анализиравме од мечот со Финска, мислам дека се тоа моменти на деконцентрација и ќе направиме се да ги поправиме грешките, кои не смееме да ги имаме на официјалните мечеви следната година со оглед на квалитетот на противниците.
Енис Барди - репрезентативец на Македонија:
„Фаворити во фудбалот денеска нема , на нас е да одиграме максимално добро, ја анализиравме средбата со Финска, треба да ги поправиме малите грешки што ги имавме, се надевам на позитивен резултат со Азербејџан. Противникот е физички силен, ние ќе ги нападнемеи сакаме да дојдеме до победа за поголема самодоверба и со успех да ја завршиме годината“.