Објавено на 16 Јуни, 2017 во Вести
Селекторот на Македонија до 21 година Благоја Милевски и капитенот Давид Бабунски на официјална прес - конференција пред утрешниот натпревар против Шпанија говореа за очекувањата на нашата репрезентација од ЕУРО 2017 и пресметката против Шпанија.
-Ние сме меѓу дванаесетте најдобри селекции во Европа и имаме право да бидеме горди на тоа. На ова Европско првенство ќе се обидеме да уживаме во натпреварите. Немаме притисок, но ќе се однесуваме одговорно и посветено. Фудбалерите се добро подготвени и сугурен сум дека ќе го дадат најдоброто од себе.
-Горди сме што ќе играме на овој шампионатот. Навистина сме среќни што токму ние пишуваме историја за нашата земја. Факт е дека ја добивме најтешката група на првенството, но тоа е дополнителен мотив за секој од нас. На хартија можеби противникот е фаворит, но само на теренот се потврдува квалитетот. На теренот ние ќе се потрудиме да покажеме колку вредиме, изјави Бабунски.