Објавено на 23 Август, 2016 во Вести, До 21 год
По одличните игри во досегашниот тек од квалификациите, младата македонска репрезентација ја очекуваат два нови тешки испити во септември, вклучувајќи и една од најважните пресметки во квалификациите - домашниот двобој со Северна Ирска.
Селекторот на репрезентација на Македонија до 21 година Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за претстојните квалификациски натпревари против Шкотска на гостински терен на 02. септември и против Северна Ирска на 6. септември на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
На списокот на Благоја Милевски се
наоѓаат 20 фудбалери.
Македонија до 21 година спроти натпреварот со Шкотска влегува на делба на второто место во групата 3 од квалификациите за Европското првенство. На три круга до крајот од циклусот квалификации, Македонија има два бода помалку од лидерот Франција. Последниот натпревар го играме дома против Шкотска на 8. октомври.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....