Милевски го објави списокот на играчите од генерацијата 1996/97 за селективниот камп во Охрид

Објавено на 04 Ноември, 2016 во Вести


Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери од генерацијата 1996/97 кои ќе бидат дел од селективниот камп од 7. до 9. ноември во Охрид и ќе одиграат два контролни натпревари против прволигашите Ренова и Победа. 

Предводникот на младата репрезентација ги селектираше следните 22-ца фудбалери:

Голмани: Беким Реџепи (Тетекс), Филип Илиќ (Металург);

Одбрана: Алекс Симоновски (Акрополис, Шведска), Костадин Чешмеџиев (Македонија Ѓ.П.), Дин Аломеровиќ (Македонија Ѓ.П.), Јован Поп Златанов (Пелистер), Стефан Костов (Брегалница), Алекса Амановиќ (Јавор, Србија), Бесарт Кривањева (Металург), Филип Стојановски (Аполонија, Албанија);

Среден ред: Калвин Н'Сомбо (ПК - 35, Финска), Бесарт Исени (Шкупи), Елиф Елмаз (Работнички), Енур Тотре (Шкендија), Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П.), Кристијан Филиповски (Силекс);

Напад: Тихомир Костадинов (Злате Моравце, Словачка), Емил Абаз (Динамо Загреб, Хрватска, Бесир Демири (Шкендија), Петар Петковски (Вардар), Ремзифаик Селмани (Ренова), Адриан Чаволи (Еуромилк); 



   
   
А репрезентација