Механизацијата и опремата на ФФМ во функција на клубовите

Објавено на 16 Јули, 2014 во Вести

Управителите на стадионите во Ѓорче Петров, Алумина и Гостивар ја користат можноста која им ја овозможува Фудбалската федерација на Македонија за користење на специјалните машини за одржување и репарација на тревната подлога на стадионите.

. Опремата и механизацијата која ја обезбеди ФФМ е специјализирана за квалитетно одржување на подлогата на стадионите и во голема мера ќе им помогне на клубовите кои ги играат натпреварите на тие стадиони да имаат квалитетни услови за натпреварување. Пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, Фудбалската федерација на Македонија преку телото за инфраструктура ги одреди критериумите за лиценцирање на стадионите, а еден од основите услови кои стадионите мораат да ги исполнуваат е состојбата на теренот за игра која треба да биде согласно правилникот за инфраструктура на ФФМ.

Специјализираната механизација и опрема која ја обезбеди ФФМ без надоместок можат да ја користат сите клубови кои имаат потреба од подобрување на спортската инфраструктура.

Почитувањето на критериумите за лиценцирање на стадионите од страна на клубовите има основна цел, стадионите да бидат со поквалитетна инфраструктура, заеднички да се стремиме кон подобрата организација на натпреварувањата, одговорноста на сопствениците на стадионите и клубовите да доведат до подобро однесување на фудбалските натпревари и зголемување на квалитетот на натпреварување.




   
   
А репрезентација