Масар Омерагиќ на средба во Нион со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин

Објавено на 12 Февруари, 2025 во Вести

Раководството на ФФМ на официјална средба во УЕФА со Александар Чеферин и Зоран Лаковиќ

Челниците на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Масар Омерагиќ и в.д. генералниот секретар Дрилон Ганиу, на покана на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, престојуваа во официјална посета на Нион и разговараа со првиот човек на европската фудбалска организација и неговите најблиски соработници предводени од Зоран Лаковиќ, директор на Национални асоцијации.

Претседателот на ФФМ, Омерагиќ го информираше претседателот Чеферин за клучните цели на нашата организација во следниот период, кои првенствено се однесуваат на заеднички инвестиции во инфраструктура, реформите во македонскиот фудбал и изградба, реконструкција и обнова на фудбалските терени во нашата држава. 

Би сакал да изразам задоволство од овој конструктивен начин на комуникација со водечките луѓе во европскиот фудбал. Имавме прекрасен состанок и срдечен пречек од првиот човек на европскиот фудбал и еден од неговите најблиски соработници, Зоран Лаковиќ. 

Споделивме многу корисни и вредни информации за состојбата во нашиот фудбал и отворено разговаравме за клучните теми, што покажува дека претседателот Чеферин и раководството на УЕФА ги ценат мислењата на сите земји членки. 

Постои почит и огромна желба меѓу нас да ги најдеме најдобрите решенија за одредени предизвици со кои се соочуваме, за да продолжиме да го развиваме фудбалот на најдобар можен начин. Тоа првенствено се однесува на УЕФА инвестициските фондови и реформите во нашиот фудбал кои ни следуваат. Мора да дејствуваме веднаш за да избегнеме несакани работи и да тргнеме во позитивен тренд и нови успеси, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. 


 



   
   
Актуелности

12.02.2025    Вести

Масар Омерагиќ на средба во Нион со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин

Раководството на ФФМ на официјална средба во УЕФА со Александар Чеферин и Зоран Лаковиќ...

08.02.2025    Вести

Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА....

06.02.2025    Вести

Македонија до 21 година: Во група со Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија

Горан Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група....

Календар
А репрезентација