Објавено на 29 Мај, 2024 во Вести, До 21 год
Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски", во Скопје ќе ги продолжни подготовките за двата контролни натпревари што ја очекуваат на почетокот на јуни.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовкси ќе одиграат два контролни натпревари со Полска и Босна и Херцеговина.
Првиот контролен дуел против Полска ќе го играме на 1. јуни, во Радом. Четири дена подоцна во Кониќ играме со селекцијата на Босна и Херцеговина.
Стандардниот чувар на мрежата на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Марко Алчевски даде свое видување и коментар за претстојните предизвици.
-Подготовките и тренинзите се одвиваат во најдобар ред, сите фудбалери сме подготвени да одговориме на задачите кои ни се дадени од селекторот и неговиот стручен тим.
-Иако се работи за контролни мечеви, не очекуваат два исклучително тешки тестови. Полска е репрезентација која со својот квалитет е на рамниште како Холандија и Шведска. Тоа е мотив плус за нас да одиграме добар натпревар и да се надигруваме со силен противник.
-Мораме да го подобриме пристапот и фокусот во одредени моменти од мечот и да ги сведеме грешките на минимум, бидејќи секоја квалитетна селекција ја користи секоја можна слабост во модерниот и брз фудбал.
-На овие контролни натпревари ќе се обидеме да се подобриме што е можно повеќе во сите сегмени од играта и да ја вратиме самодовербата по неколкуте лоши резултати, да се воиграме подобро и да покажеме и докажеме дека победата во провото коло против Шведска на гостински терен не беше случајна.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....