Објавено на 08 Октомври, 2016 во Вести, Вести
Македонската најдобра репрезентација е максимално сконцентрирана за натпреварот од третото коло од квалификациите за пласман во Светското Првенство кое во 2018 година ќе се одржи во Русија. Четрикратниот светски првак за прв пат доаѓа во Скопје и тоа е голем мотив за репрезентативците на Македонија да даваат све од себе против реномираниот противник.
“Добро знаеме кој ни доаѓа на гости, четрикратен светски првак, 53 овицијални натпревари без пораз. Нас ни е чест што една ваква репрезентација ни доаѓа на гости во нашата земја. Македонија и Италија имаат допирни точки, а една од нив е нашиот капитен Горан Пандев, кој своите ѕвездени моменти ги доживеa во Италија. Не сакам да бидеме статисти на овој натпревар и би сакал да го извлечеме доброто од натпреварот против Израел во четвртокот. Не планирам промени од мечиот со Израел, можеби само ќе посегнам на освежување во средниот ред. Ќе играме 3-5 2 и на утрешниот натпревар, нема причина да менуваме. За разлика од претходниот селектор кај „азурите“ нема големи промени, можеби само некои финеси. Не очекувам големи промени и утре во Скопје“, изјави селекторот на репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски.
“Одигравме одличен натпревар и со Израел и со Албанија, но штета што немаме бодови. Сакам да се заблагодарам за амбиентот на мечот во четвртокот, но сега ни доаѓа еминентен противник и мора да се концентрираме на утрешниот натпревар. Не треба да се трошат зборови за Италија и нивниот квалитет. Да дадам гол не ми е приоритет, дај Боже да победуваме со години, а Горан не мора да даде гол. Можеби во групата фаворит е Шпанија, но има уште многу натпревари да се играат и сигурен сум дека овие две селекции ќе играат до крај за првото место во групата“, рече на пресот капитенот на Македонија, Горан Пандев, за кого натпреварот ќе биде специфичен со оглед на тоа што речиси целата кариера ига токму во Италија.
Натпреварот Македонија-Италија се игра во недела со почеток од 20:45 минути на националната арена ‘Филип Втори’.
Македонија славеше против Летонија со 1:0 со голот на Серафимов. Столе Димитриевски повторно без примен гол....