Македонските фудбалски легенди во уште една хуманитарна акција

Објавено на 07 Март, 2015 во Вести

Хуманитарниот настан “Да изиграме за Шац” се одржа на 6 март во СРЦ “25 мај” во Радовиш.

Во преполната сала македонските фудбалски легенди, легендите на ФК Плачковица и македонските музичките ѕвезди одиграа два хуманитарни натпревари за помош на Даниел - Шац кој треба да замине на итно лекување во Турција.

Радовишани покажаа голема хуманост со тоа што ја преполнија спортската сала, а сите приходи од билетите се наменети за лекувањето на нивниот сограѓанин.


Паралелно на продажбата на билетите за настанот Црвениот крст од Радовиш имаше поставено и пунктови со кутии каде што посетителите имаа можност да донираат уште за еден нивен сограѓанин Мартин, кому му се потребни седства за операција на очите. 



   
   
А репрезентација