Објавено на 08 Ноември, 2019 во Вести, А репрезентација жени
Македонската женска А репрезентација загуби со 3:0 од Австрија во натпревар од 4. коло во групата од квалификациите за ЕП. Топ фаворитот во групата на Националната арена “Тодор Проески” ја потврди фаворитската улога и го задржа максималниот ефект во групата.
Првото полувреме мина во доминација на гостинките, кои првите 45.минути го завршија со водство од 2:0. Првиот гол падна во 35. минута и тоа од пенал, реализаторка беше Била, откако претходно Ангеловска стартуваше во нашиот шеснаесетник. Во последните секунди од првиот период, поточно во судиското надополнување по асистенцијата на Макас, Задражил погоди во мрежата на Панчурова.
Нашата селекција добро се бранеше во второто полувреме се до 78. минута кога Дунст по една соло акција постигна гол за конечни 3:0.
Македонија: Панчурова, Бошеска, Ангеловска, Николовска (61’ Димоска), Живиќ, Ристовска, Шемшовиќ (56’ Мустафа), Јаковска, Милеска, Максути, Рочи; Селектор: Кирил Изов.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....