Објавено на 13 Март, 2018 во Вести, До 19 год жени
Македонската женска репрезентација до 19 години славеше победа со 2:0 против домашниот Кипар на првиот од двата контролни натпревари кои се играат на гостински терен.
Водечкиот гол за репрезентацијата на Македонија го постигна Марија Белистојаноска во 28. минута од пенал кој го изнуди Рабија Дервиши. Десет минути подоцна, во 38. минута победата на нашата селекција ја потврди Теодора Димоска по додавање на Дервиши.
КИПАР до 19 години - МАКЕДОНИЈА до 19 години 0:2 (0:2)
(0:1 Марија Белистојаноска 28`; 0:2 Теодора Димоска 38`)
Македонија до 19 години: Суарта Речи, Гегова Драгана, Ѓорѓиевска Теодора, Ѓорѓиевска Марија, Јошевска Христина, Надица Костеска, Дервиши Рабија, Димоска Теодора, Николова Ивана, Белистојаноска Марија, Живиќ Јулија; Играа уште: Петровска Анита, Митревска Сања, Далческа Валентина, Петровска Теодора, Положани Синдис, Костадинова Цветанка, Јовановска Јасмина.
-Одигравме добар и динамичен натпревар во кој доминиравме. Реализиравме два пати, а можевме да постигнеме уште некој погодок. Задоволен сум од залагањето и придонесот на моите фудбалерки. Се надевам дека добро ќе се подготвиме и ќе бидеме успешни и на вториот натпревар, изјави селекторот на Македонија, Астрит Мерко.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....