Објавено на 07 Септември, 2019 во Вести, Вести
Македонската А репрезентација попладнево го одржа првиот тренинг во Рига како подготовка за натпреварот од квалификациите за ЕУРО 2020 против домашната Летонија. На тренингор на стадионот на „Аркадија“ тренираа сите фудбалери кои се во репрезентативниот состав.
Дефанзивецот Висар Муслиу и фудбалерот од средниот ред, Стефан Спировски велат дека во натпреварот ќе влеземе како фаворити, гарантираат борба за секоја топка и победа на гостински терен.
„Се бориме за секоја топка. На хартија сме фаворит, но мора да внимаваме. Мора да ги избришеме сите грешки што ги имавме со Израел и да имаме контиунитет на игра како што знаеме. Летонија нема добри резултати, загуби со голема разлика од Австрија, но тоа може да ги мотивира на домашен терен да играат најдобро што знаат со Македонија. Треба да ја гледаме нашата игра, а помалку да се оптоваруваме со противникот“, изјави Муслиу.
„Во Израел стигнавме само до бод, иако одигравме солидно. Имавме шанси и мислам доколку победевме немаше да биде незаслужено. Против Летонија сме фаворити и верувам дека ќе го докажеме тоа на терен и ќе запишеме победа. Против Австрија немаа никакви шанси за успех, но наше е да одиграме како што треба, да ги искористиме нивните слабости и да славиме победа“, рече Стефан Спировски.
Утре од 10:00 часот македонската репрезентација ќе го одржи официјалниот тренинг.
Марјан Стојкоски е нов потпретседател на ФФМ, Дрилон Ганиу в.д. генерален секретар....